речник контакт

Две претстави од Велес на ДАФ во Кочани

Во конкуренција за награди се ,,Многу врева за ништо,, на велешките гимназијалци и ,,Адвокатот Патлен,,на студиото Прличко, двете во режија на Слободанка Чичевска

Петар Печков

Објавена е програмата на Репуличкиот аматерски  драмски фестивал ,,ДАФ,, Кочани. Во официјалната конкуренција од 16 претстави се и две велешки, каде режисерка е актерката Слободанка Чичевска.   

Понеделник 28 мај ќе биде прикажана „Многу врева за ништо“од Вилијам Шекспир, во изведба на учениците од  СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ – Велес.

Среда 30 мај  на сцената на НУЦК во Кочани ќе настапат членовите на Младинско драмско студио „Прличко“ со „Адвокатот Патлен“. 

И двете претстави ќе се играат со почеток од 22,15ч.

Фестивалот ќе се одржи од 28 мај до 2-ри јуни, меѓу учесниците има две престави од странство, од Словенија и од Србија. За учество на ДАФ биле пријавени 35 претстави а од нив стручно жири избра 16 а наградите ќе бидат доделени на затворањето на 2-ри јуни. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »