Петар Печков
Објавено: четврток, 05 ноември 2026
Од билтенот на СВР Велес, за изминатите 24 часа.
На 4 ноември во 12:25 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ja приведоа Н.Т.(41 год) од Скопје, затоа што на улица „Крсте Мисирков“ во Велес го нарушила јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и не ги почитувала наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија. Исто така, нејзиниот 37-годишен поранешен сопруг пријавил дека таа извесен период ги вознемирувала него и нивната малолетна ќерка и не го почитувала решението од Центар за социјални грижи Велес. Известен бил Центар за социјални работи Велес и по целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 4 неомври во 12:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода Е.Н.(40 год) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека по кратка расправија физички го нападнала нејзиниот 43-годишен сопруг и му се заканувала. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
| Tweet |




