речник контакт

Две реми и пораз за велешките фудбалски екипи во Третата лига Центар

Викендов пред нас, два дерби натпревари Бабуна- Росоман и Превалец -Илинден Башино село

Петар Печков

Викендов се одигра 15-тото коло на Третата фудбалска лига Центар, каде настапуваат три велешки екипи.   Тие забележаа две реми и е ден пораз. 

На домашен   терен претпоследниот Илинден во Башино село  одигра 1:1 со соседот на табелата  Напредок од прилепското село Крушеане, кој е 11-ти со 9 бода.  И по ова коло Илинден  остана претпоследен но со под повеќе, сега  има 6. 

Реми  извади во Неготино  ФК Превалец и тоа кај лидерoт  Вардар. И овој  натпревар заврши 1:1 а Превалец  остана на  5-тото место со 27 бода, додека   Вардар се симна  од првото.

Во прилепско Житоше,   (не)очекувано  Братство кој имаше  само пет победи ја прокнижи шестата против Бабуна од Мартолци, која беше  трета. Загуби со 2:0 а со победа ќе се вклучеше во борбата  за првото  место, бидејќи останатите резултати  им одеа во прилог.

Викендов  во 16-тото коло   во дербито на врвот Бабуна го пречекува   соседот четвртопласираниот  тим на  Росоман а во Превалец се  игра месното дерби ФК Превалец - Илинден . 

Општинската фудбалска лига Велес ги започнува натпреварите од 1-ви април.

 фото архива

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »