речник контакт

Две седмици во велешко се намалува бројот на активни слуачи на ковид-19, пикот е минато

Регистрирани се 35 оздравени и 19 ново заразени лица

Петар Печков

Четирнаесет дена, или две седмици  во велешко им повеќе оздравени отколку ново заразени со ковид-19.  Оваа тенденција е присутна од 10-ти април  и денес се регистрирани 635 активни слуачи.  Институтот за јавно здравје за изминатите 24 часа регистрира 35 оздравени пациенти и 19 ново заразени. Досега во велешко  биле заразени  5.299 лица.

Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 90 пациенти,  од кои 71 се потврдени позитивни, четворица сомнителни  и 15 пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.

„На кислородна поддршка се 39 пациенти. Испишани се шест пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ –соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Опшшта Болница Велес.

На Инфективно  одделение се 36 пациенти, на Интерно чест  и на Физикално девет , додека во Модуларната болница се  39.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »