речник контакт

Две седмици на одронот од Цуцка, тој не е поместен

Надлежните уверуваат дека најважна е безбедноста на граѓаните

Петар Печков

Регионалниот пат Велес- Градско  и натаму е затворен, бидејќи одронот од карпата Цуцка сеуште го блокира. Одронот кој се случи на 13  март, на излезот од Велес, близу до мостот на реката Тополка,   е пречка за одвивање на сообраќајот, но и за редовниот живот на неколку семејства кои живеат близу мостот на Тополка, како и за  вработените од крзнарата ,,Димко Митрев,, и месната индустрија ,,Агриа,,. За да стигнат на работа тие  кружат преку автопат.   

Надлежните за   решавање на одронот, тоа се ЈП Македонија  пат,, и ЈП за државни патишта молчат. Тие треба да  ги извршат градежните активности, оти патот е регионален и во  надлежност на државата.   Од локалната власт  објаснуваат дека најважна е безбедноста на граѓаните. Се проценува дека најголемата карпа која е   на патот,  е тешка околу 25 тони. 

И за општината и за државните органи и за експертите, безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет и нема да пристапат кон избрзани решенија. Ситуацијата е специфична поради опасноста од нови одрони. Градежниот факултет во Скопје препорача прво да се минираат големите одрони на коловозот и нестабилните блокови од карпата лоцирани  десно од регионалниот пат. Тие претставуваат голема опасност и за автомобилите и за пешаците. Надлежните државни органи веќе ја ангажираа формата „Гранит“ која ќе го врши минирањето и стручни лица работат на терен  - велат од Општина Велес. 

Таа потсетува дека со цел да се заштитат граѓаните и да се осигура нивната безбедност на критичната точка,  веднаш по одронот поставила барикади и знаците со кои граѓаните се известени дека поминувањето покрај местото на одронот не е безбедно.

Се  очекува во најкраток можен рок да се заврши минирањето на критичните точки, да се расчисти патот и да се обезбеди привремено одвивање на сообраќајот без карпестата маса да претставува непосредна опасност за граѓаните. Стручните лица сметаат дека минирањето мора да се направи со крајна претпазливост на внимателно одбрани места и не е возможно проблемот да се реши одеднаш. Токму деталната анализа на карпата и вертикалните пукнатини кои и по одронот се голема опасност за минувачите, според стручните лица ќе обезбеди услови за прецизно минирање и решавање на проблемот - додаваат од локалната власт. 

Веднаш по минирањето  „Македонија пат“  според планот, ќе се започне со  расчистување и транспортот на карпите. Во втора фаза ќе се работи на трајно решавање на проблемот со детална детална техничка документација за   тие да се  стабилизираат.

Истовремено Македонски железници инфаструктира освен што за  помалку од 40 часа ги  отстранија карпите од  пругата, тие деновие ги отстранија и сите камења кои беа кај одронот и сега возовите сообраќаат редовно.  Поради плаќање на казнени пенали, за не испорака на стоката кое се превезува  од  Солунското пристаниште, МЖ за кратко време го исчисти одронот од пругата, пред се заради транспорт на  нафтата но и на кинеската  стока.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »