речник контакт

Две семејни насилства во еден ден во Велес

Син го нападнал татко си, брат сестрата

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, недела, во градот полицијата евидентирала два случаи на семејно насилство. Деталите од СВР Велес.

„На 10. декември  во 08.35 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.Н.(30 год) од Велес затоа што во семејната куќа, по претходна расправија, физички го нападнал неговиот 66- годишен татко“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Друг одвоен настан се случил неделата попладне

„На 10. декември  во 14.15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода К.П.(50 год) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 48-годишна сестра дека во дворот од куќата на нивната мајка поради нерасчистени имотно правни односи ѝ упатувал закани нејзе и на нејзините блиски“- информира Ѓаковска.

За двата  настани бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против лицата  ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »