речник контакт

Две сообраќајки во велешко, моторист од Битола со тешки повреди префрлен на Клинички во Скопје

Двете повредени лица во сообраќајката кај Порцеланка минале со лесни повреди

Петар Печков

Две сообраќајки се случила во велешко изминатите 24 часа. Првата е вчера , недела попладне, кога моторист битолчанец излетал од автопат.

„На 22-ри август  во 18.57 часот на автопат Скопје- Велес, во близина на угостителски објект, мотоцикл „јамаха р6“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(27) од Битола, изгубил контрола и излетал од патот“- информираа од МВР.  Повредениот моторист бил донесен во велешка Болница.

„Вчера, попладнето на одделот за хирургија  донесено е лице на 27 годишна возраст, повредено во сообраќајна несреќа. Повредениот е донесен во тешка состојба со тешки повреди на глава, препратен во Клинички центар Скопје“ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.

 Утрово сообраќајка во близина на некогашна Порцеланка. Се случила околу 8,30ч. Учествуваат комбе и автомобил повредени се три  лица. Порадои сообраќајката, сообраќајот кон Чашка и Извор беше во прекин до 11ч.

„Возачот на комбето однесен со приватна кола, со возачот од комбето прегледан со болки во десно раме и надлактица, обете колена, десен скочен зглоб. Однесен на хирургија.. Повредениот од другото возило одби хоспитализација“ кажа д-р- Јадранка Мишкова од ИМП.

„Утрово донесени се две лица на 27 и 35 годишна возраст  повредени во сообраќајна несреќа, истите се здобиле со лесни телесни повреди, задржани на опсервација“ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »