речник контакт

Две сообраќајки и две лица со тешки телесни повреди се случија денес, недела

Првата се случила утрово на регионалниот пат Велес – Извор, кај село Бусилци, Втората сообраќајка се случила близу т.н. Бугарска амбасада

Петар Печков

Две сообраќајки со две тешко повредени лица, се регистрирани  денес, недела на територијата на велешко.

Првата се случила утрово на регионалниот пат Велес – Извор, кај село Бусилци.

„Патничко возило ,,фиат браво" со велешки регистарски ознаки, управувано од А.К.(75 год) од Велес, во 8,10ч. излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.К.(70 год) од Велес , а со телесни повреди се здобил возачот“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

При вадењето на  двете повредени лица од излетаниот автомобил, интервенирала екипата на велешките пожарникари, кои ги извадиле лицата и предале на екипата на Итната помош. Таа ја дала неопходната терапија и ги префрилила на Ургентен центар од велешка болница.

Втората сообраќајка се случила околу пладне близу т.н. „Бугарска амбасада“.

„Околу 11.10 часот на улица ,,Наум Наумовски-Борче" во Велес, патничко возило ,,пасат" со велешки регистарски ознаки управувано од Н.Д.(28 год) од Велес, удрило во пешакот Ѓ.П. (63 год) од Велес“ – додаде Ѓаковска. 

Карактерот на повредите биле   констатирани во болницата во Велес.

Портпаролот на Општа Болница Велес Марина  Андова информира дека пациентот на 63 годишна возраст се здобил со тешка повреда на десно колено а пациентката на 70 годишна возраст поради повредите на лицето е префелена на Максиофасцијална хирургија  Скопје.  

И во двете сообраќајки  по овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, која треба да ги истражи причините.    

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »