Петар Печков
Објавено: вторник, 13 октомври 2026
Две сообраќајки после празничко и две лица, возачи се здобиле со тешки телесни повреди, скршеници. Повеќе од информацијата на велешатка полиција и велешка болница.
„На 12 октомври во СВР Велес е пријавено дека околу 21:20 часот на улица „Ганчо Хаџи Панзов“ во Велес, О.Е.(58 год) од Велес, управувајќи мопед „томос“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпаролка ан СВР Велес.
При падот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес.
„Кај О.Е констатирана е скршеница на десниот рачен зглоб, направена репозиција и имобилизација и пуштен на домашно лекување“ – информира Анамарија Џунџева портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.
„На 12 октомври во 09:00 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопат Велес-Скопје, во близина на наплатна станица „Отовица“, патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(59) од Чашка, удрило во заштитна ограда и се превртело на коловозот“– рече Милевска Ѓеоргиева
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.Ј. констатирани во Општа болница Велес.
„З.Ј е донесен како повреден во соовраќајна незгода, свесен, со болки во главата и вратот, направени КТ иследувања и констатирани скршеници на вратни пршлени, соодветно е имобилизиран и упатен во ургентен клинички центар за понатамошен третман“ – дополни д-р Џунџева.
фото ТрМр архива
| Tweet |




