Петар Печков
Објавено: вторник, 03 јануари 2023
На забелешките од опозицијата, дека локалната власт премногу толерантно се однесува кон градежните фирми, кои не ги изведуваат градежните работи според предвидената динамика, градоначалникот, објави два примери за фирми кои биле казнети. И двете не се од Велес.
„Градежната фирма „Дон Хаус“ од Скопје достави гаранција за изградба на ул. „Димче Мирчев“ но не ја реализира и е ставена на негативна листа на изведувачи. Таа сега не може да конкурира на јавни набавки. Втората е битолската „Бауер БГ“ која е казнета со 5 отсто од инвестицијата, казната е колку што предвидува законот, затоа што премногу ја задоцни изградбата на првиот дел од покриениот Градски пазар. Ако беше до мене ќе ја казнев и многу повеќе, но толку е предвидено да биде казната “- кажа градоначалникот Марко Колев.
Tweet |