Петар Печков
Објавено: среда, 08 октомври 2008
Повеќе од двестотини кандидати половина година чекаат на распределбата на осум социјални станови во Велес, но сеуште не е извесно кога таа ќе се случи. Иако конкурсот истовремено беше објавен со тој во Тетово и Дебар, во овие два града веќе се познати новите сопственици, велешани ќе почекаат неодредено време.
Од Министерството за транспрот и врски информираа дека постапката е во тек но не можат да прецизираат кога распределбата, која ќе биде по електронски пат, ќе се случи. Наспроти очекувањата на кандидатите дека бројката на социјални станови кои ќе се делат ќе се зголеми од осум на повеќе, тоа нема да се случи. Кандидатите се надеваа на ваков развој на настаните, по нивните забелешки дека некои од сопствениците на 136-те социјални станови во градот, истите ги рентираат на трети лица.
По ваквите се погласни шпекулации во јавноста, надлежните од ЈП за Стопанисување на станбен и деловен простор, во неколку посети на становите не утврдиле дека истите за изнајмуваат, со што отпадна и можноста поради непочитување на договорот и да бидат одземени.
Неодамна Министерството за транспрот и врски ги распредели 30-те социјални станови седумнаесет во Тетово и тринаесет Дебар, за кои имаше 136 заинтересирани лица, 82 во Тетово и 54 во Дебар, што заедно е помалку отколку во Велес.

Tweet |