Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 октомври 2016
Двесте велосипедисти во неделата ја возеа патеката од годинашнава оф роуд тура ,,Питијада 2016,,. Тоа беше најголемиот велосипедски настан кој се организира во Велес.
Оваа година помеѓу двестете учесници имаше и двајца гости од странство и тоа еден од Лесковац, Србија и еден од Барселона, Шпанија кој моментално е на краток престој во Прилеп од каде и дојде со негови пријатели.
Покрај нив на настанот имаше учесници од Скопје, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Неготино, Демир Капија и други градови од Македонија. Дел се возеше и по македонските пруги.
Патеката во должина од 35,3 км го опфати десниот дел од реката Вардар, манастирот Св. Петка кај с. Сопот, селото Сопот, го обиколува езеро Младост и на крај по стрмен карпест, но во исто време прекрасен дел за off road возење, покрај реката Вардар се стигнува до Башино село, а од таму организирано се до дворот на Гимназијата од каде и тргневме. По завршувањето на турата учесниците имаа можност да дегустираат од Велешката пита пастрмалија. По повеќе часови возење и дружење, гостите задоволни како од патеката, така од организацијата, се упатија кон своите домови – изјави Зоран Јаневски организатор на велосипедската рута.
Таа се одржува трета година по ред, во организација на ЗГ Велес БАЈКИНГ-Велес и Општина Велес како главен помагател на настанот.
Tweet |