Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 октомври 2022
Во петтото коло од првата ракометна лига, двете велешки екипи забележаа порази.
Во Свети Николе РК Бисинов загуби со еден гол 29:28 (13:13). Тоа беше натпревар на две екипи кои немаа досега освоено бод., па РК Бисинов остана последен. Следното коло екипата е слободна.
МРК Борец дома загуби од РК Партизан од Гевгелија со 28:45(12:22). И по ова петто коло, постариот велешки лигаш е последен без освоен бод. Следното коло и тие се слободни.
Започнаа натпреварите од првата пинг понг лига, каде се натпреварува велешки Борец ТИМ. Во првото коло загубија од 1:4 од битолска Пелагонија. Во лигата се натпреваруваат 10 екипи. Следните две кола се следниот викенд кога ППК Борец ТИМ игра со Телеком НЕЦ и со Берово2.
Tweet |