речник контакт

Двете цркви во градот немаат вода и вц

Велешани се жалат бидејќи на гробиштата од двете цркви во градот немаат вода, па се приморани да пешачат по лоши временски услови и лоша местоположба за да ја донесат до нивните парцели.

Петар Печков

Велешани се жалат бидејќи на гробиштата од двете цркви во градот немаат вода, па се приморани да пешачат по лоши временски услови и лоша местоположба за да ја донесат до нивните парцели. Овој проблем посебно е актуелен летово, кога со високите температури по угорнина, повозрани граѓани мака мачат за капка вода.

- И на двете цркви во Велес освен во нивниот круг, надвор вода нема. Затоа ако сакаме да наполниме вода на гробните места, мораме да се качиме в црква а гробиштата се далеку од нив – се жали Николина Мирова, која со нејзините 60-тина години мора дополнително да пешачи да наполни шише вода.

Конфигурацијата на теренот во градот и местоположбата на црквите не им погодуваат на верниците за да дојдат до неопходната течност. Но тие имаат уште една мака и двете цркви немаат санитарен јазол и бараат овие проблеми да се решат. Од црквата упатуваат на ЈКП Дервен кој стопанисува со гробиштата. Од таму порачуваат дека проблемот го знаат, но е потребно тој да се реши институционално.

- За да можеме да постапиме треба црквата или општината да побараат тој да се реши согласно нормативите. Ги разбираме потребите на луѓето, но тие треба да бидат решени системски.Треба да се изработи проект и прашање е кој тоа ќе го плати како и кој ќе ги подмирува трошоците за потрошената вода – објаснуваат од ЈКП Дервен. Како пример тие ги посочуваат новите гробишта во селото Раштани, каде има и гробни чешми и санитарни јазли, но се тоа е плански градено.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »