речник контакт

Двојно одбојкарско славје во Велес, победи за одбојкарите и одбојкарките

ГОК Борец - Универзитет Тетово 3:0 (м) ГОК Борец – Шкупи 3:0 (ж)

Петар Печков

Саботата попладне во салата на ОУ Блаже Конескки имаше двојна одбојкарска понуда, играа жените и мажите. И двете екипи забележаа победи. Во првата лига ГОК Борец славеше над  Универзитетот од Тетово со максимални  3:0 (25:19, 25:15, 25:16). Велешани без многу мака, со сигурна игра стигаа од победата.Во наредното петто коло сериозно искушение младата екипа на ОК Струмица, тест за можносите и квалитетот на велешани. Натпреврот се игра во Велес.

Во предигтра женската екипа во Втората лига забележа исто така максимална победа  ГОК Борец– ОК Шкупи 3:0 (25:12, 25:13, 25:15). Велешанки за помалку од еден час се радуваа на нови бодови. Во следното коло  гостуваат во Тетово на ОК Бами кор.

Кошаркарите на КК Борец играат понеделник а футсал екипата на КМФ Кеги моби овој викенд се на одмор, поради настапите на македонската футсал репрезентацијата.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »