Петар Печков
Објавено: среда, 23 март 2022
Изминатите 24 часа во Велес и велешко има девет нови случаи со ковид-19, оздравени се пет пациенти. Ова се податоците добиени од Министерството за здравство. Бројката на активни случаи се искачи на 28 лица.. Починати лица од велешко нема.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се пет пациенти, еден помалку од вчера. Hа Инфективно се хоспитализирани двајца а на Интерно се тројца пациенти. Нема ново примен, испишани се двајца. Сите хоспитализирани пациенти се од Велес.
„Потврдено позитивни се двајца, непотврден е еден и двајца се негативни, но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка е пациент “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |