речник контакт

Деветмина велешани безбедно cе вратија од Ерусалим, по посетата на Израел, каде во саботата започна војна

Тие заминале во четвртокот попладне а се вратиле доцна ноќва недела кон понеделник, или рано наутро денес

Петар Печков

Групата од девет туристи велешани, кои заминале во посета на Ерусалим, се вратија дома по војната кој започна во Израел. Тие заминале во четвртокот попладне а се вратиле доцна ноќва недела кон понеделник,  или рано наутро денес.

„Од пријавените граѓани, деветте туристи кои доаѓаат од Велес, и кои во комуникација со нашите колеги од Албанија беа прифатени во специјалниот лет на Владата на Албанија за евакуација од Тел Авив, слетаа во Тирана, од каде претставници од нашата амбасада ги префрлија со организиран транспорт кон дома. Во оваа прилика изразуваме благодарност до колегите од Албанија, за брзата реакција и прифаќање на нашите државјани“ - соопштија од Македонското министерството за надворешни работи.

Детали за тоа што го доживееле таму, соопштија дел од туристите. Тие ден повраќањето се уште со несредени впечатоци, но загрижени што можело да се случи и како се развивала состојбата.

„Петокот наутро, кога беше време за појадок, е слушнаа сирени. За кратко потоа се слушнаа експлозии, бомби, детонации. Излегов на тераса, беше мирно, потоа се слушнаа нови експлозии. Потоа слушавме дека е објавена војна со Палестина  со појасот Газа. Имаше засилено обезбедување со полиција  низ Ерусалим, животот се одвиваше нормално. Луѓето што ги сретнав велеа ова за нас е нормално и се се` решава за 24 часа, денес за утре. Ако продолжи утре, но тоа траеше и трет ден. Нападите се интензивираа, летовите почнаа да се откажуваат.  Баравме начин да си дојдеме и со помош на амбасадорката на Албанија во Тел Авив, не примија но нивниот авион за Тирана, по што си дојдовме дома. Од Ерусалим до Тел Авив имаше возење 50 ким. што беше за нас долго и неизвесно патување, додека не се качивме во авионот“  - вели турист од Велес, кој бил во посета на Ерусалим.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »