речник контакт

Деветмина оздравени во Велес од ковид-19, за едно деноноќие

Нема нов случај позитивен на ковид-19 во Велес. На Инфективно одделение во велешка Болница се хоспитализирани 14 лица

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден нема нов случај на лице позитивен на ковид-19, од Велес информираа од Министерството за здравство. Затоа пак дури деветмина велешани се водат како оздравени, откако имале два последователни  негативни теста на земениот брис, Со тоа бројката на активни случаи во велешко со корона вирус  е 31 лице.

Пет од испуштените лица  се од  домашно лекување, едно лице е од Инфективна клиника од Скопје и  тројца од Инфективно одделение од велешка Болница - информираа од Центарот за јавно здравје Велес.

На Инфективното одделение во велешка Болница згрижени се 14пациенти  позитивни на ковид-19. Во текот на вчерашниот ден има испуштено едно лице а денес  претпладнето две откако имале два негативни теста - информираше д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.  

СВР Велес информираше дека денес има едно лица со решение за изолација во Велес, и нивниот вкупен број во велешко е 58, додека во самоизолација има пет нови лица или вкупно шест во Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »