Петар Печков
Објавено: недела, 26 јуни 2016
Во неделата напладне, околу 12,10 часот во директен судир на два автомобили, десетмина повредени. Ова е билансот од сообраќајката која се случи на патот кон езеро Младост, близу Велес. Две од лицата се со тешки повреди. Причината е поради дефект на едно од возилата.
Се откачи тркалото на ,,БМВ,, и возачот изгуби контрола. По ова директно се удрија двете возила, бел мерцедес со скопски регистарски таблички кој доаѓаше од правец на езеро и возило ,,БМВ,, кое возеше кон езерото. Имаше многу повредени, седуммина беа пренесени со две коли на Брзата помош а две со приватни возила, до велешката Болница – изјави очевидец на настанот.
Повредените од возилото ,,БМВ,, се помлади лица сите на возраст од 20-тина години. Од велешката Болница изјавија дека кај нив се донесени десет повредени лица.
Во Болницата беа донесени 10 повредени лица. Две поради сериозноста на повредите се префрлени на Скопските клиники, две се амбулантно третирани и се пуштени дома шест се задржани - изјави дежурниот доктор Љупчо Леов.
Од велешката полиција ја потврдија сообраќајка.
Во 12,20ч., е пријавена сообраќајка, која е случена на локалниот пат езеро Младост – Велес, во која учествувале два патнички автомобили. Има повеќе повредени. Увидот е во тек – изјавија од СВР Велес. Поради сообраќајката, патот од и кон рекреативниот центар Езеро Младост, беше во прекин 2,5 часа.
Tweet |