Петар Печков
Објавено: среда, 29 септември 2021
На крводарителската акција која денеска се одржа во просториите на СВР Велес се даруваа 19 крвни единици. Крводарителските акции во СВР Велес се традиција и се одржуваат по две секоја година
„На овој начин вработените во полицијата уште еднаш ја докажаа нивната хуманост. На овој начин вработените во оваа институција даваат директен придонес за подобрување на состојбата со крвни единици ширум државата“ - кажа Орце Николов, секретар на Општинската организација на Црвен крст Велес.
Освен нив организатори на акцијата беше и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје
Tweet |