речник контакт

Деветнаесет нови случаи на лица позитивни на ковид-19 во велешко

Во велешка Болница се згрижени 44 пациенти

Петар Печков

Деветнаесет нови случаи во велешко на лица кои се позитивни на ковид-19 а оздравени се 12, соопштија од Министерството за здравство. Ова се податоци од здравствениот билтен за изминатите 24 часа.  Во велешко активни се 299 случаи.

Вкупно во трите ковид одделенија од велешка Болница се  хоспитализирани 44 пациенти,  од кои  28 се потврдени позитивни, по осум се  сомнителни  и со  негативен тест но задржани на болничко лекување.

Испишани се двајца  пациенти како оздравени со по еден негативен тест. На кислородна поддршка се 25 пациенти.

На Инфективно одделение згрижени се 23 пациенти, на Интерно десет и во  Модуларната болница единаесет.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »