Петар Печков
Објавено: сабота, 18 мај 2013
Нејзините сестри и браќа ги пребарале сите болници очекувајќи да им биде предадено нејзиното тело. Но 19-годишната Решма го преживеа уривањето на фабриката во Бангладеш во кое загинаа над 1100 луѓе.
Решма беше заробена под бетонот, во темнина, точно 391 час. „Цело време се обидував да не ја загубам надежта, но во последните денови се вовлекуваше сомнеж“, рече Решма Бегум (на фотографијата горе Решма е во болница) по нејзиното спасување. Додека чекала на помош под урнатините на фабричката зграда во Бангладеш во еден момент почнала да мисли дека веќе нема да го види сонцето.
Решма има 19 години и е најмладото дете во нејзиното семејство.
Пред двеипол години го напуштила селото на северозапад од земјата и дошла во Дака, раскажува брат и‘. Како стотици илјади други работници и Решма работи како шивачка. На почетокот на април ја сменила фирмата и почнала да работи на вториот кат од текстилната фабрика Њу Вејв Ботомс. Кога зградата се урна утрото на 24 април, Решма останала неповредена. Но била заробена под урнатините. Со стап се обидела да пронајде пукнатини низ кои ќе се провлече, раскажува таа за весникот „Дејли Стар“.
Кога косата и‘ се заплеткала, ја пресекла со ножици. Според наводи на интернет проталот bdnews24.com, во ранците на своите мртви колеги Решма нашла кекси и шишиња со вода, а потоа ги пиела капките дождовна вода до коишто можела да стигне.
Спасувачите дошле во нејзина близина дури по 16 дена. „Можев да ги слушнам, но никој не ме слушаше мене. Врескав и барав помош постојано, најгласно што можев.“ Според наводи на интернет проталот bdnews24.com, во ранците на своите мртви колеги Решма нашла кекси и шишиња со вода, а потоа ги пиела капките дождовна вода до коишто можела да стигне.
На крајот ја слушнале. „Ве молам извлечете ме, ве молам“, молела Решма. Таа можела да стои и спие во простор долг три метри и широк дваипол метри, објаснува Моазем Хосаин, кој до преживеаната се спуштил низ тесната дупка која спасувачите претпазливо ја направиле со пили и чекани. Решма била толку слаба што можела да биде подигната без проблем низ процепот.
Страдаше од недостиг на течности, а бубрезите и‘ работеа само 45%“, изјави лекарот Азизур Рахман. Таа има и трауматски последици, спие лошо и често ја бара раката на присутните. Нејзините браќа и сестри со мајка и‘ чекале во училишниот двор каде што се носат телата на загинатите во несреќата. „Речиси ја загубивме надежта“, изјави сестра и‘ Асма за „Дејли стар“.
Текстот е преземен од Радио Дојче Велес Бон
Tweet |