речник контакт

Девојка нападната во Полициска станица, откако пријавила тепачка во која учествувал и напаѓачот

Шест лица биле лишени од слобода

Петар Печков

МВР информираше за инцидент кој се случил во ПС Велес, ноќеска, откако велешанка пријавила тепачка во  населба Речани. Кога таа дошла да пријави еден од  учесниците се обидел да ја нападне со остар предмет.

„На 18.10.2022 во 00.20 часот во Полициската станица Велес бил приведен и задржан К.Ѓ.(26) од Велес, затоа што во полициската станица се обидел со остар предмет да ја нападне С.А.(23) од Велес. Имено, С.А. дошла во станицата да пријави нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка на 17.10.2022 околу 23.15 часот на ул.„Академик Пенчо Давчев“ во Велес, за што од слобода биле лишени А.Ш.(34), Д.М.(33), С.М.(62), А.Ѓ.(27) и А.К(24), сите од Велес, а во која учествувал и К.Ѓ.“ - соопштија од МВР.

Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »