Петар Печков
Објавено: петок, 19 август 2022
Девојка oд Градско се здобила со тешки телесни повреди, откако со нејзиниот автомобил, излетал од улица во Кавадарци.
„На 18 август во 21.45 часот на ул.„Страшо Пинџур“ во Кавадарци патничко возило „ауди“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.С.Р.(18) од Градско, излетало од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила Р.С.Р., констатирани во ЈЗУ Општа болница Кавадарци“- соопштија од МВР.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, по што ќе бидат познати причинети со инцидентот.
Tweet |