Петар Печков
Објавено: недела, 11 октомври 2026
Девојка паднала од мотор во месноста Речани, при што се здобила со тешка телесна повреда, скршеница. Повеќе од информациите на велешката болница и полиција.
„На 10 октомври во СВР Велес е пријавено дека на улица „Академик Пенчо Давчев“ во Велес, 21-годишната К.Ѓ. од Велес, управувајќи мотоцикл „хонда“ со велешки регистарски ознаки, изгубила контрола, излегла надвор од коловозот и паднала“ - соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпаролка на СВР Велес.
При падот девојката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес.
„Набиеници по телото, скршеница на рамото, направена имобилизација, дадена терапија и планирана за оперативен третман“ – информира Анамарија Џунџева, портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.
| Tweet |




