Петар Печков
Објавено: среда, 04 ноември 2026
Вторникот рано наутро во сообраќајка во предградие на Скопја, млада велешанка е тешко повредена, откако се возела во автомобил управуван од малолетник. Деталите од информацијата на полицијата.
„На 3 ноември во 04:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Борис Трајковски“ и ул. „1519“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник од село Горно Количани, скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од 45-годишната Ј.К.Д. од Скопје.“ – соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката од патничкото возило „мерцедес“ А.Д.(18 год„) од Велес, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
| Tweet |




