Петар Печков
Објавено: понеделник, 18 февруари 2019
Единаесетгодишно девојче било удрено од автомобил во текот на вчерашниот ден, откако минало на обележен пешачки премин. Девојчето се здобило се тешки телесни повреди, скршеница на стапало.
Неделата околу 13.50 часот на улица „Алексо Демниевски“ во Велес, патничко возило „Ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.К.(33) од Велес, удрило во 11-годишно девојче од Велес. Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во општата болница Велес - информираат од МВР.
Од ЈЗУ Општа Болница Велес со информација дека во текот на вчерашниот ден кај нив е примена единасетгодишна пациентка.
Кај девојчето има повреди, скршеница на десно стапало. Дадена е неопходната леарска помош и во вечерните часови тоа си заминало дома - информираа од ЈЗУ Општа Болница Велес.
Tweet |