Петар Печков
Објавено: недела, 28 декември 2014
Новата година и радостите што ги носи Дедо Мраз, не треба да се привилегија само на луѓето кои имаат, туку тој треба да им донесе радости на сите. Посебно на ранливите групи, кои не по своја вина, се на маргините на живеењето.
Токму поради тоа на две различни локации во Велес, Дедо мраз донесе многу искрена радост и насмевки на 50-тина велешки деца. Во игротеката Дизни, кој бесплатно го изнајмила просторот, Ротари клубот ,,Бели мугри,, подари 20-тина пакетчиња за деца од згрижувачки семејства и од сиромашни фамилии.
Ова е наша традиционална активност. Имаме пред новогодишна забава за овие деца. На сите им подаруваме пакетчиња кои се обезбедени од маркети ,,Жито,, еден од нашите членови, и подароци играчки. Едноставно ги повикавме и тие да ја почувствуваат радоста на новогодишните празници - рече Роберт Митровски претседател на Ротари клубот ,,Бели мугри. Оваа донација беше организирана со помош на Фондацијата Фокус.
Истовремено во Розе салата, Здружението на лица заболени со церебрална парализа организираше исто така пред новогодишна забава, за нивните членови. И тука дојде Дедо Мраз, подели пакетчиња, кои се донација до Соко таб од Битола.
Идејата за оваа забава беше од страна на родителите, да си посветиме сами на себе внимание, заедно меѓу себе да се дружиме, оти овие лица тоа го заслужуваат. Пресреќна сум што сите членови се тука, заедно соа руското културно уметничко друштво Славјанка од Скопје и вокалната група Смирна и Организацијата на жени и на пензионерки од град Велес - рече Далиборка Златева претседател на Здружението на лица заболени со церебрална парализа.
Tweet |