Петар Печков
Објавено: петок, 24 декември 2010
Стоипедесет новогодишни пакетчиња мотористи од Велес поделија за децата од Велес кои се социјално ранливата категорија. Оваа акција ја спроведоа велешките мотористи во соработка со фондацијата ,,Фокус,, .
Целта ни е да поделиме пакетчиња за децата од сиромашни фамилии, социјални случаи, деца со посебни потреби , да ги усреќиме и им ја зголемиме радоста за претстојните празници. Средствата ги донираа мотористите од цел град, кој колку може и има – изјави Тоше Цилаков.
Пакетчиња беа поделени во центарот на Велес и во петте основни училишта во градот.
Tweet |