Петар Печков
Објавено: петок, 28 декември 2012
По четврти пат мотористите од Велес делеа новогодишни пакетчиња. Тие ги посетија основните училишта од градот како и Дневниот центар за деца со посебни потреби. Преку дефиле по улиците на градот, мотористите им ја вратија насмевката на децата. Годинава беа поделени 250 новогодишни пакетчиња,з а разлика од лани кога имаше 400. Мотористите оваа нивна хумана акција ја организираа со помош на фондацијата Фокус. Организаторот, кој сами од сопствени средства ги обезбедија подароците коментираа дека економската криза го погоди и Дедо Мраз.
Во Ликовниот салон пак Црвениот крст подели 70 новогодишни пакетчиња, донација на ЕВН Македонија. По десет беа поделени на седумте основни училиште од општинава, пет од градот и од Иванковци и од Горно Оризари.
Новогодишни пакетчиња делеше и градоначалникот Горан Петров. Тој им подари на децата од Дневниот центар за посебни потреби, на учениците од ОУ Маца Овчарова, претставници на Здружението на дијабетичари, на Здружението на глуви и слепи лица.
Tweet |