Петар Печков
Објавено: четврток, 12 април 2018
Велешанецот Љупчо Стојановски (61 год), дедото на малата Тамара, доби условна казна затвор од 2 години, кои нема да ги одлежи доколку 5 години не стори кривично дело. Оваа казна му е изречена во Основен сду Скопје 1 за кривичното дело ,,нелегално поседување на оружје,, по признание на вина.
Обвинетиот Стојановски призна дека незаконски го поседувал оружјето кое го вперил кон екс-министерот за здравство Никола Тодоров. За второто дело ,,убиство во обид,, за кое му се суди на Стојановски, тој не признава вина и за ова дело започна одвоен судски процес. Настанот се случи на 1-ви јуни минатата година.
Во воведниот говор адвокатката на Стојановски, Павлина Зефиќ рече дека дедото на Тамара немал намера да пука кон екс-министерот, туку целта била да го искористи настанот – примопредавање на функцијата во Министерството во здравство на кој знаел дека ќе има и медиуми и да испрати порака до државните власти дека треба да обезбедат услови за живот на сите болни деца.
Не станува збор за обид за убиство како што го претставува обвинителството, туку само за заплашување за да не се случуваат повеќе смртни случаи како Тамара, рече Зефиќ.
Никола Тодоров како оштетен кажа дека го забележал Стојановски кога се качувал по скалите во Министерството за здравство.
Кога стасав до последната скала, обвинетиот ми се доближи, го впери пиштолот на 30 сантиметри од мојата глава и испука без предупредување. Помислив дека сум повреден, оти почувстував жештина на челото - изјави оштетениот Тодоров во својство на сведок, во овој судски процес.
На рочиштето сведочеле возачот на Тодоров и двајца членови на обезбедувањето на екс министерот. Следното рочиште е закажано за 18 април.
Tweet |