речник контакт

Дежурна аптека

Велешани останаа без аптека во ноќните часови, откако поранешните Градски аптеки, сега приватизирани ги укинаа дежурствата.

Петар Печков

Велешани останаа без аптека во ноќните часови, откако поранешните Градски аптеки, сега приватизирани ги укинаа дежурствата.

Тие ваквата одлука ја оправувдаат со фактот што освен нив во градот сега има десетина аптеки, вклучувајќи ги и големите фирми Зегин и Реплек, кои имаат потпишано договор со Фондот за здравство за издавање на лекови од позитивната листа. Тоа значи не само повластување за издавање на лекови со сини картони, туку и обезбедување на дежурства. Поради ваквата состојбаа трпат граѓаните на Велес, кои се без можност за снабдување со лекарства.

- Град со 50 илјади жители мора да има 24 часовна континуирана обезбеденост со лекови. Во ноќните часови има пациенти кои треба да купат лекарства кои дежурните екипи доктори ги немаат –вели д-р Блажо Атанасов лекар во Итната помош, но и член на Советот на општина Велес.

За овој проблем се одржал состанок со претставниците на приватните аптеки од градот и локалната власт но решение немало. Тие не можеле да се договорат кој ќе биде критериумот, а можното решение за бројот на дежурства да се утврди согласно квотата лекови од позитивната листа што ја добива аптеката било одбиено. Ваков проблем во истиот период имаше и минатата година а градот два месеци беше без дежурна аптека.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »