Петар Печков
Објавено: петок, 17 април 2020
Денес се изврши дезинфицирање на станбени колективни згради, поголемите објекти на јавните институции, како и на јавните површини во Велес.
Дезинфекцијата ја извршуваат вработени во Територијалната противпожарна единица – Велес, ЈКП „Дервен” и ЈП „Парк – спорт”.
По налог на Општина Велес дезинфикувани се просторите околу Центарот за јавно здравје – Велес, ЈЗУ Здравствен дом – Велес, „Стокомак”, Железничката станица- Велес, потоа просторите околу „Жито” маркетите во близина на општината и околу трговскиот центар, „КАМ” во Нова населба, „Кит – Го”, плочникот околу споменикот на Панко Брашнаров, плочникот околу споменикот на Алексо Демниевски – Бауман, плочникот околу „Жито” маркетот на плочникот „Авона”, просторот во центарот на градот од маркетот „Жито” до плоштад „Сармаале” и просторот околу Градскиот пазар.
Акцијата за дезинфицирање продолжува со реализација и вторник по Велигденските празници со други локации.
Tweet |