речник контакт

Деконтаминација на почвата во Велес

Започна проектот за лечење на велешката почва. Пробно за почеток се спроведува во дворот на училиштето „Васил Главинов“ и на плацот на ЕСМ во близина на...

lj lkjl

Започна проектот за лечење на велешката почва. Пробно за почеток се спроведува во дворот на училиштето „Васил Главинов“ и на плацот на ЕСМ во близина на ветеринарната станица. Лечењето на земјата се спроведува со засадување на едногодишни растенија кои преку коренот, во себе ги складираат тешките метали. Професорката од Земјоделскиот факултет Татјана Миткова вели дека мора да им се помогне на Велешани да се ослободат од влијанието на тешките метали во земјата. Почвата на Велешани им е загадена со тешки метали а тоа може да се промени само со засадување на растенија кои ќе ја исчистат земјата преку коренот со складирање на металите во стеблото и листовите. Проектот предвидено е да се спроведува во две фази. Лечењето на земјата најпрвин ќе се спроведува во училишните дворови, а потоа и на обработливите површини во градот. Претседателот на еколошкото друштво „Вила Зора“ Ненад Коциќ вели дека за чистење на обработливата земја државата ќе мора да ги обештети земјоделците. Според податоците од истражувањето на Технолошко-металуршкиот факултет, велешката земја во себе има до десет пати повеќе олово, кадмиум и цинк. Ваков проект за деконтаминација на земјата веќе се спроведува во Србија каде резултатите покажуваат и до 90 проценти намалување на загаденост во почвата. Проектот се спроведува во соработка со еколошкото друштво „Вила Зора“, локалната самоуправа, Земјоделскиот факултет и Министерството за земјоделство.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »