Петар Печков
Објавено: петок, 04 декември 2015
Дваесетина ученици од прво до петто одделение, од вчера (четврток) не посетуваат настава во подрачното основното училиште во селото Сливник. Ова било одлука на родителите, кои се незадоволни што бил укинат автобускиот превоз за децата до училиштето и назад.
Децата нема да ги пуштиме се додека е н се врати превозот. Иако сме од истото село, но школото е далеку повеќе од два километри. До минатата година имаше превоз,од почетокот на оваа учебна годинава нема. Изминатите месеци времето беше погодно, ама сега почна студ, дождови и затоа како родители одлучивме да не ги пуштаме децата на настава, иако започнаа притисоци врз нас за да се откажеме од бојкотот - изјави Џафер Јонузи претседател на Одборот на родители при училиштето, кое е подрачно на ОУ Васил Главинов од Велес.
Тие за оваа нивна одлука ги информирале училиштето и локалната власт. Од таму најавуваат дека работат на решавање на проблемот.
Му понудивме на досегашниот превозник, да продолжи со неговата работа, но тој одби иако е од селото Сливник. Распишан е тендер. Ќе видиме дали ќе има интерес, дали некој ќе се пријави и кој ќе го добие - изјави градоначалникот Славчо Чадиев. Во ова училиште настава од прво до петто посетуваат стотина деца, кои учат на мајчин албански јазик.
Tweet |