речник контакт

Дел од Градски стадион уништен!!!

Дел од трибините на градскиот стадион уништени. Причината ја предизвикало едно дрво. Поради дождовите и структурата на земјиштето на градски, дрвото вчера паднало и...

lj lkjl

Дел од трибините на градскиот стадион уништени. Причината ја предизвикало едно дрво. Поради дождовите и структурата на земјиштето на градски, дрвото вчера паднало и уништило голем дел од инфраструктурата на стадионот. Два дена поминаа а никој не излегол на терен да ја санира штетата. Дрвото паднало вчера во утринските часови. Падот го забележале жителите кои живеет околу градскиот стадион. Слушнале голема врева од падот на дрвото. Веднаш биле известени луЃето што го одржуваат градскиот стадион. Паднатото дрво предизвикало голема материјална штета. Уништени се дел од трибините, падот ја уништил безбедносната ограда над резервните клупи. Уништена е и стазата која е составен дел од стадионот а по која трчаат рекреативците. Вкупната материјална штета се проценува на околу 30 до 40 илјади денари. Раководните од ФК Борец кои го одржуваат градски веднаш ги известиле надлежните служби. Ги информирале Дервен и ЕСМ. Но на нивниот повик не одговориле екипи на Дервен. Кога биле известени од комуналното претпријатие тие побарале писмено известување. Веднаш добиле. Но на раководните од градски им одговориле дека моментално биле презафатени со средувањето околу Рациновите средби. Екипи од Дистрибуција веднаш ја исклучиле струјата. Дел од рекреативците кои ги користат услугите на градскиот стадион велат дека имале среќа бидејќИ несреќата се случила во момент кога на стадионот немало никој. Велат дека можело некој и да загине. А градски е нерешен случај. Локалната самоуправа не може да ги преземе надлежностите од јавното претпријатие за стопанисување со објекти. Иако има поднесено барања, државата молчи. Дотогаш настанатата штета треба да ја санираат раководните од градски. Тие велат дека немаат нити пари ниту луѓе да го средат тоа.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »