Петар Печков
Објавено: сабота, 05 август 2017
Големиот пожар кој пред два дена, од четвртокот беснее на теренот околу селото Дреново, изгорел 11 бандери за електрично напојување. Поради ова поголем дел од Општина Чашка е без струја, инфомираа од ЕВН.
Поради големите пожари во Богомила, Ореше, Папрадиште, планинарски дом Чеплес, сите корисници на општина Чашка- Велес ќе останат без напојување подолг период. Екипите на ЕВН Македонија се на терен и работат на санирање на 11 изгорени столбови и опрема кои се зафатени од огнената стихија, а помагаат и во гаснење на пожарот- информираат од „ЕВН“.
Tweet |