Петар Печков
Објавено: недела, 26 октомври 2014
Бевме генерација која два се од себе, сега сме генерација на која никој не и дава
На некој луѓе им треба долго време за да сфатат дека живото е краток
Позицијата и опозицијата во Македонија имаат на едно место ист став. Во тоалет
Нашата земја е гостољубива. Тука и Македонците се чувствуваат како гости
Тие што имаат партиски книшки и од власт и од опозицијата лесно се препознаваат. Се крстат и со лева и со десна
Нема кој да ја чува земјата. Никој не сака да биде плашило
Јас сум против употреба на сила, Затоа секогаш сум со победникот
Комшивката се поднови со бунда од природна кожа. Го одра мажот и.
Го прекинавме годишниот одмор поради несреќен случај. Се дупна коритото
Многумина за првите борбени редови се јавуваат ама само на фејсбук
Гинев за Македонија а таа не ме смета за жив
Македонија е моето богатство иако таа не два пет пари за мене
Не е важно што живеат како голи кучиња, важно родени се во знакот на лав
Човек без заби е најпочитуван член на семејството. Најмалку јаде
Шекспир мора да е по потекло Македонец. Инаку од каде му се толку трагедии
Конечно разјаснето што значи консензуален кандидат за претседател. Треба да има два глави. За да носи и капа и кече
Сукањето е македонска традиција. Едни сукаат ракави, други мустаќи
Моментално сме во криза. Тоа се пренесува од колено на колено, од генерација на генерација
Tweet |