Петар Печков
Објавено: четврток, 10 јуни 2021
Два неинвазивни респиратори од марката COVIDAIR S/T доби болницата за белодробни заболувања во Јасеново. Тоа е донација од прилепчанецот Дејан Аџиоски, кој живе во Швајцарија.
Во болницата Јасеново, донацијата ја предадоа волонтерите од Клубот на млади при Општинскиот Црвен крст организација Велес.
Респираторите се производство на компанијата BCD microtecknique SA. Донацијата на Аџиоски е 45 апарати, кои се распределени на повеќе јавни здравствени институции во земјава.
Tweet |