речник контакт

Дела на брачниот пар Муковски, изработени во акрил излиени со смола, на изложба во Велес (фото)

Изложбата „Метакосмија“ ќе биде поставена три седмици а изложени се 20-тина дела

Петар Печков

Во Ликовен салон во  Велес,  отворена е  изложбата „Метакосмија“ на авторите  Ангелина Спировска Муковска и Владо Муковски од Скопје, на која брачниот пар се претставува со 20-тина дела изработени  во посебна техника која тие ја осмислиле и практикуваат.

Слики создадени со мешана техника акрил и смола, сликани со акрил, а потоа излиени со епоксилна смола, при што се создава таква емулзија, како да се под екран, од телевизор,  од мобилен.

„Авторите спојуваат нешто, што е спротивно со тоа што тие го работат, спој на современото со конзерваториските работи кои нив се основната дејност. Нивните дела се создавани во време на пандемија и сопружниците творат заеднички, бидејќи тоа се условите во оваа нова реалност. Во Македонија е реткост, уште брачниот пар Тоциновски, творат така заеднички“ - кажа Елица Николова кустос советник историчар на уметност, при Народен музеј Велес.  

Двајцата автори се конзерватори, на сакралното  ѕидно сликарство, вработени во Националниот конзерваториски центар.

„Нашата професија како конзерватори на ѕидно сликарство е да експериментираме и истражуваме.  До сега не сум сретнал некој уметник во земјава да твори на ваков начин. Прво ги сликаме делата а потоа ги лиеме во смола. При тоа е создаваат дела кои се создаваат сами и не знаете како ќе изгледа сликата, додека не се исуши смолата “- рече Владо  Муковски.  

Посебно специфична била работата со епоксилна смола, која се втврднувала за 20-тина минути, и што ќе се сработи во тој период е  сработено, потоа истата била токсична, поради што  било тешко да се работи во затворена просторија.  

„И јас и Владо имаме свој стил на работа, творење, не сме работеле досега заедно. Пробавме да се ослободиме од авторското его, кое секој уметник го има, и има своја идеја.  Овие слики не се мои, негови, туку производ на заедничка работа. Јас и Владо создадовме свој медиум, со кој сликавме и потоа тие слики беа излеани во смола, која им два посебен впечаток на заробен свет“ - изјави  Ангелина Спировска Муковска.

Владо Муковски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на одделот за сликарство во класата на професорот Родољуб Анастасов, каде се стекнал со магистратура. Добитник е на наградата „Борко Лазески“. Специјализирал во Институтот Палацо Спинели во Фиренца,  Италија, во областа на конзервација и реставрација на фрески и нејзината методологија. Предава конзервација и реставрација на факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Ангелина Спировска е уметник со академско образование и конзерватор на фрески. Таа има дипломирано сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2014 година. Во 2012 година, образованието го надградува на Институтот за уметност во Сиена како стипендист на американската фондација Пол Гети. Во 2015 година магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Жанета Вангели. Работи во Конзерваторискиот центар Скопје, како конзерватор ма ѕидно сликарство.
Изложбата пролетва беше поставена во Македонскиот Културен центар во Софија - Бугарија. Изложбата е дел од годишната програма на Министерството за култура и Народен музеј Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »