Петар Печков
Објавено: четврток, 15 јуни 2023
Градската библиотека „Гоце Делчев“ дони ново катче, овој пат историско. Тоа е со книги, публикации, изданија од Државниот архив на Република Македонија.
Содржи 30 наслови со 128 книги кои што научните работници,наставниците и професорите по историја, учениците, студентите и граѓаните ќе можат да ги користат за свои потреби. Во иднина ова историско катче ќе се надополнува со нови публикации, зборници и изданија од Државниот архив.
Така по просторот каде се сместени изданијата за лица со оштетен вид, Француското, Англиското катче, на роднокрајни автори од Велес и велешко, на роднокрајни автори, уште еден простор во Градската библиотека, специјализиран за одредени наслови.
Tweet |