речник контакт

Дела од Кичевската колонија пред велешани

38 дела од различни автори, слики во различни техники се поставени во Ликовен салон

Петар Печков

Вторникот навечер   во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложба на дела од 23-тата Меѓународна  Кичевска ликовна колонија.

Пред велешката јавност претставени се  38 дела од 65-те изработени, кои се авторство на  23 учесници од  13држави: Македонија, Израел, Северен Кипар, Индија, Ирак, Албанија, Бугарија, Србија, Германија, Казахстан, Хрватска, Косово и Турција.

Делата се изработени  различна техники, акрил на платно, масло на платно, комбинирана техника  како и 4 скулптури од метал и  1 скулптура од дрво.

На изложбата  имаме  можност да видиме различни светови и индивидуални пристапи при утврдување на ликовните образци. Секој од овие творци, преку изборот на својот личен  ликовен говор се обидува да воспостави една нова врска меѓу духот и сопственото време, да ни ја открие вистината и од онаа страна што ние помалку позната.  Колонијата има за цел да го стимулира, поттикнува, развива и унапредува ликовното творештво, да ги збогатува постојните ликовни фондови со нови современи уметнички творби. Преку своите облици на интернационално комуницирање придонесува за зближување на уметниците од целиот свет,  и  врши популаризација на современата ликовна уметност. – изјави Горан Доневски член на Советот на колонијата. 

Во креативна творечка и релаксирана атмосфера  авторите работеле од  2-ри  до 16-ти  Јули 2016, во прекрасниот амбиент во Куќата на Уметноста во село Кнежино - Кичево.  Ликовната колонија започнува со работа првата сабота во месец јули секоја година и трае две недели.

Уметниците своите дела ги изработуваат во хотелот “Куќа на уметноста” сместен во густа констенлива и борова шума на 960 метри надморска височина. Од своето формирање во 1994 –та  учествувале голем број на уметници од различни земји и досега се создадени    1,6 илјади дела.

Организаторот Доневски најави дека годинава колонијата ќе работи од 8-ми до 22 јули и ги покани сите кои можат да ја посетат и бидат гости, да видат како авторите работат.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »