речник контакт

Дела од Кичевската ликовна колонија во Велес

27 дела од исто толку автори во масло на платно и акрил во Ликовниот салон

Петар Печков

 Вчеравечер се отвори изложба на слики со 27 дела од уметници, кои твореа на 21 -вата, Интернационална Кичевска ликовна колонија 2014година. На колонијата учествуваа 27 уметници од 15 држави , меѓу нив и Малезија, Судан, Германија, Казахстан, Русија, Украина, Бугарија, Србија, БиХ . Изработени се 80 дела во различни техники, масло на платно,акрил. комбинирани, скулптури од метал. 

Меѓународната Кичевска  ликовна колонија има за цел да го стимулира, потикнува, развива и унапредува ликовното творештво, да ги збогатува постојните ликовни фондови со нови современи уметнички творби. Придонесува за зближување на уметниците од целиот свет, преку изложби, публикации, предавања, врши популаризација на современата ликовна уметност - изјави Елица Николовска директор ан велешкиот музеј, организатор на изложбата. 

Ликовната колонија започнува со работа првата сабота во месец Јули секоја година и трае две недели. Уметниците своите дела ги изработуваат во хотелот “Куќа на уметноста” сместен во густа констенлива и борова шума на 960 метри надморска височина во с.Кнежино-Кичево.

Од своето формирање во 1994 година па се до денес на ИКЛК учествувале голем број на уметници од различни земји. Досега изложбата имаа можност да ја видат посетителите во Кичево, Скопје и Кавадарци.

 Изложбата е дел од манифестацијата ,,Велес град на културата,, и ќе биде отворена до 25 февруари

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »