Петар Печков
Објавено: четврток, 23 февруари 2017
Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на дела од Ликовната колонија Куманово. Изложени се 30-тина слики, работени на платно во различни ликовни техники, од 11 уметника кои мината година во месец август, таму ги работеа автори од Србија, Бугарија и Македонија.
Авторите ни оставија колекција богата и по квалитет и по квантитет, колекција со различни ликовни изрази, потписи. Тоа се зрели автори но и на автори кои се на почетоците а таму разменуваат искуства, знаења - изјави Драгана Спасовска раководител на колонијата.
Сликите се изработени во традиционален пристап на работење, сликарство, масло на платно, комбинарини техники и ова е прво претставување на ланската колонија надвор од Куманово.
Таа ги покани уметниците од Велес кои сакаат да учествуваат на оваа ликовна колонија, да се пријават и на лето да бидат дел од гостите.
Кумановската ликовна колонија има долгогодишна традиција, покрај прилепската и струмичката, се вбројува во редот на најстарите ликовни манифестации во земјава. Формирана е 1974 година во конаците на манастирот Св. Прохор Пчински а подоцна се одржува во Меморијалниот комплекс Пелинце.
Минатата година со селекција од 20-тина дела колонијата е претстави во Париз, во македонската амбасада. Ова е второ претставување на Ликовната колонија од Куманово во Велес, првото беше 2012-та година.
Tweet |