Петар Печков
Објавено: петок, 08 ноември 2019
Дела од шестмина автори, кои учествуваа и работеа на првата скулпторска колонија ,,Велес 2019,, од денес се на јавните површини на Велес. Авторите твореа на старо железо и на камен, пред три месеци.
Авторите нивните дела ги изработија според содржините кои се во околината - кажа Илчо Стојановски, технички координатор на скулпторската колонија.
Скулптурата „Ангел“ изработен од отпадно железо од скулптор Весела Стаменова е поставена на тревна површина во Младинскиот парк, скулптурата „Балерина“ изработена од отпадно железо од скулпторот Павел Стаменов е поставена на тревна површина во близина на зградата на поранешниот -Офицерски дом, скулптурата „Велешки гемиџии“ изработена од скулптурот Горан Стаменков е постаена на улица Благој Ѓорев на горниот дел од фонтаната покрај тротоарот, скулптурата „Поголемо од животот“ изработена од отпадно железо од скулпторот Никола Ненадиќ е поставена на тревната површина во Младинскиот парк, пред објектот на Народен театар ЈКХ Џинот,, и амфитеатарот , скулптурата „Блажена“ изработена од мермер од скулптор Илко Стојановски е пред објектот на поранешна НА-МА, скулптурата „Театарска игра“ изработена од мермер од скулптор Горан Ѓорев е во паркот наспроти Градскиот саат.
Tweet |