речник контакт

Делата од скулпторските работилници од 2020 и 2021 година чекаат да бидат поставени

Од локалната власт најавија дека наскоро овие скулптури ќе бидат поставени на јавните површини во градот

Петар Печков

Иако минаа скоро три години,  две од делата за разлика од останатите четири, од скулпторската работилница  одржана летото 2020 година во Велес, се уште не се поставени. Едната е скулптурата  „Емаптија“ на авторот Иван Ковачалиев  од Бугарија а втората е на велешанецот Ангел Коруновски. Истата е наменета за жртвите од ковид пандемијата и е  заштитна маска. И двете се изработени од метал.

„За скулптурата „Емпатија’ од Иван Ковачалиев од Бугарија што треба да се постави во паркот кај Автобуската станица веќе е направена стопата на која треба да се постави и ќе се постави во најкус можен рок. Скулптурата „Изолација“ од Ангел Коруновски согласно Мислењето од Секторот за урбанизам требаше да се постави во паркот во ООУ„Васил Главинов“. Подоцна е утврдено дека освен што ќе треба да се постави бетонска подлога која ќе зафати голем дел од зеленилото, во тој дел се поставени прскачи со дополнителни елементи за нив, врз кои не може да се постави таа подлога. Исто така водата од околните прскачи секојдневно ќе ја уништува скулптурата, а истите не може да се дислоцираат затоа што се поврзани во систем. Оваа скулптура остана да се постави заедно со оние од 2021 година“ - соопштија од локална власт, отворајќи на поставеното прашање.


Не се поставени ниту шесте   скулптурите од уметничката работилницата во 2021 година кога се работеше со рециклирано железо,  дела создадени од креативните раце на авторите.   Исто толку беа изработени на работилницата лани,  и двете одржани во куќата на Касапови, како уметничко ателје.    

„Одборот за подигање на спомен- обележја на територија на Општина Велес чека  позитивно мислење  од Секторот за урбанизам за скулптурите од 2020 и 2021 година. Додека пак скулптурите  од ланската  работилница, кога ќе бидат готови исто така ќе треба   Одборот за подигање на спомен- обележја на територија на Општина Велес да спроведе постапка за нивно поставување“ - соопштија од локалната власт.

Општина Велес со организацијата на скулпторски работилници и изработка на дела, во камен,мермер,  железо и глина,  го збогатува фондот на скулптори  кои потоа го красат јавните површини во градот. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »