речник контакт

Делницата од автопатот Катланово до Петровец, во должина од 5 км, се реконструира две години

Министерот за транспорт и врски Бочварски незадоволен од работат ана градежната фирма, го раскинал договорот и на тендер е најден нов изведувач

Петар Печков

Делницата Катланово - Петровец во должина од 5 км од автопатот Велес - Скопје се реконструира повеќе од две години. Возачите кои често ја користат истата, реагираат на темпото на работа.

„Неколку месеци не се работи ништо а и претходно помалку се работеше отколку што имаше активности. Должина од 5 км да не се изгради две години е несфатливо. А патарина се наплатува редовно иако на еден нејзин дел поради градежни работи се вози на една коловозна лента“ - вели велешанец кој секојдневно патува на работа на релацијата Велес - Скопје и обратно.  

Иако на почетокот на работите  во септември 2020 година, рокот кој сами го најавија инвеститорите беше 10-12 месеци, тој не беше почитуван. Министерот Благој Бочварски  кој тогаш го најави стартот на реконструкцијата, сега објаснува дека градежната фирма кој ја работела оваа делница, покажала слаби резултати.

„Поради енормно слабиот прогрес на работите   и пробивањето  на рокот, како институција бевме доведени во ситуација да го раскинеме договорот, оти истиот не беше почитуван.  Преминавме на пресек на изведени работи, распишавме постапка за избор на нов изведувач.    Таа е завршена и имаме избрано нов изведувач. Тој би започнал со работа од следната година, согласно временските услови. Делницата ќе биде завршена следната година“ - кажа министерот Бочварски.   

Тој потсети дека овој  период активно се работи на реконструкција и асфалтирање на  стариот пат од Катланово до Велес, во две делници во вкупна должина од 9 км.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »