Петар Печков
Објавено: петок, 27 јули 2012
Отворена беше тендерската документација на тендерот за водоснабдување на езерото Младост NSB007-10, по задолжување кај Светска Банка бр. 7699-МК.
Од вкупно 5 подигнати тендерски документации, на отворањето учествуваа претставници на 4 реномирани национални понудувачи Жикол Струмица, Пескара Вел - Велес, Вардар Градба - Скопје, Делта пром Велес.
Согласно критериумите на тендерот, за најповолна е оценета понудата на фирмата „Делта Пром“ од Велес која водоводот во должина од безмалку 5 километри, се обврза дека ќе го зигради за 31 милион денари.
Општина Велес за овој проект и за воведување на економични светилки, се задолжи кај Светската банка за 90 милиони денари. Со него треба околината на езерото да се снабди со квалитетна вода за пиење.
Ова задолжување е развојно бидејќи тоа ќе овозможи езерото Младост да биде посакувана туристичка дестинација. Тука имаме можност за изградба на неколку хотели, мотели, автокамп, чие земјиште неколкупати се продава но интерес нема. Имаме и распродадена приградска населба чија изградба е стопирана, бидејќи за нив е потребен водовод со квалитетна вода. Двата проекти се само исплатливи бидејќи од штедењето со потрошената електрична енергија на економичните светилки ќе се отплатува кредитот. А пак од парите што ќе се прибираат од продажбата на градежните парцели, кои се слеваат во локалниот буџет, ќе се овозможи динамиката на неговата исплата – вели Горан Петров градоначалник на Велес.
Tweet |