Петар Печков
Објавено: вторник, 06 мај 2014
Дивите тезги кои беа поставени на улица Петре Прличко се дислоцирани. Нив ги нема на делот од улицата пред салата на ОУ Благој Кирков. Тие беа проблем со ново воспоставениот режим на сообраќај како потреба од реконструкцијата на мостот Гемиџии. На прашање од ТРМР градоначалникот Чадиев на последната прес конференција го најави ова расчистување.
Бидејќи тротоарите се запоседнати од дивете препродавачи и е отежнато нивното минување ќе преземеме итна акција на расчистување. Пешаците ќе мора да имаат слободен простор - изјави градоначалникот Чадиев.
Иако во повеќе наврати имаше реакции од легални продавачи на градскиот пазар дека дивата конкуренција го оштетува и државниот и локалниот буџет не се преземаа мерки за нивно селење. Последното кое се случи зимава по само еден месец беше без резултат, препродавачите се вратија на тротоарите. Сега е слична сликата.
Дивите тезги од пред салата се преселија пред Мало мовче, додека тие што беа на паркингот пред ОУ Благој Кирков останаа, иако создаваат проблеми при наставата. Ќе има ли снага и желби локалната власт да го реши овој проблем или ова е само резултат на потребата од непречено одвивање на сообраќајот кое е времено.
Tweet |