речник контакт

Ден за комеморација за починатите од војната во 2001-ва побараа бранителите

На средбата на воените инвалиди од војната во 2001-ва беше побaрана и просторија каде можат да ги одржуваат состаноците

Петар Печков

Здружението на воени инвалиди ,,Бранител 2001,, од  Велес вчеравечер одржа состанок, со членовите за состојбата во која се наоѓаат сите припадници на безбедносните сили од Република Македонија.  Се  потпиша и меморандум  со независниот синдикат на полицијата при СВР Велес.  На средбата  беше кажано дека од војната во 2001-та во Македонија има 350 инвалиди, од  кои половината се припадници на полицијата половината припадници на АРМ.

По долги години ова е прва срдба на бранителите од 2001-та година.  Имаме доста проблеми во работењето, малку права, никакви услови. Баравме  во два наврти да добиеме како Здружение просторија за  работа, но бевме игнорирани. Очекуваме дека новиот градоначалник   Коцевски  како и на останати здруженија  од градот и нас  ќе ни додели просторија за работа – рече Лазо Наумов  претседател на   Здружението на воените инвалиди од 2001  од Велес.  

На состанокот како бранител присуствуваше  и  Миле Нацев советник во Општина Велес, од партијата Достоинство, кој ги поддржа барањата да се добие  просторија  и најави дека ќе стори се  како дел од Советот тоа да се оствари, но и да им биде отстапен за потребите и општинскиот автобус, кога членовите патуваат некаде низ Македонија.  

Наумов кажа за 8-те барања кои   биле доставени   до премиерот Заев, а прво е бранителите да добијат Ден на комеморација, посветен на починатите од војната во  2001-та кога ќе им се оддава почит. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »